Прв поглед на Sony Xperia 2
Објавено на 01.09.2019 во Новости
Sony Mobile следната недела на IFA 2019 во Берлин ќе го претстави вториот премиум смартфон за оваа година кој ќе биде наследник на одличниот Xperia 1.
Сега се појави и првата рендер слика од новиот Sony Xperia 2 кој нема да донесе големи промени во дизајнот и изгледот освен мали измени во позицијата на главната камера и копчињата.
Xperia 2 ќе има 6,1 инчен CinemaWide дисплеј, ќе работи со осум јадрен Snapdragon 855 процесор, 6 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија и ќе има тројна главна камера.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.