Google Play Store станува напорно место за корисниците

Објавено на 02.09.2019 во Новости



Google Play Store станува напорно место за корисниците

Google реши да направи редизајн на мобилната апликација Play Store со тоа што нема никакви бои или структура туку само бела позадина, со надеж дека корисниците ќе го пронајдат тоа што им се треба.

Исто така планирано е да се воведат и видеа на насловната страна кои автоматски ќе се пуштаат што може да биде уште една напорна функција.

Видеата ќе бидат информативни и ќе нудат преглед на нови или квалитетни апликации и игри, но се чини дека овој нов концепт е непотребно оптоварен.