Вип прерасна во А1 - Побрзи иновации и дигитализација за сите

Објавено на 03.09.2019 во Новости



Вип прерасна во А1 - Побрзи иновации и дигитализација за сите

Мобилниот оператор Вип се ребрендираше во А1 Македонија како дел од А1 групацијата. На промотивниот настап беа откриени неколку детали за бенефициите кои ќе ги добијат корисниците меѓу кои побрзо воведување на иновации и премиум корисничко искуство.

"Еден бренд една компанија што одговара на модерното дигитално време, ќе имаме повеќе бенефиции од експертите во групацијата но и македонскиот тим да се интегрира во групацијата.  Различни услуги за мобилна телефонија, ТВ, интернет, забава, сајбер безбедност и други производи ќе бидат обезбедени. Им благодариме на корисниците за довербата" истакна Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

Според Јиржи Дворјачански извршен директор на А1 кластер за Македонија и Хрватска, операторот сега нуди најквалитетна мобилна мрежа со унифицирани услуги.

"Во 2006 не бевме во многу добра состојба со многу различни системи и многу бевме фокусирани на внатрешни предизвици. Во 2016 решивме да инвестираме за да изградиме силна компанија и целосно ја променивме мобилната мрежа со највисок квалитет. Лансиран е новиот концепт на продажни салони со интернационални стандарди", посочи Дворјачански.

Поголема синергија и побрзо воведување на иновации со над 18 илјади вработени. Меѓу нив ќе бидат паметен дом, нова Мојот А1 апликација, нова веб страница и направени се првите тестови на 5G мобилна мрежа и спој на А1 Дигитал услуги.

Едукација на корисниците и дигитализација достапна за сите ќе биде приоритет на А1 Македонија.

Поврзување на луѓе, места и уреди преку Интернет на нештата (IoT) исто така ќе биде еден од приоритетите на развој, како и инвестирање во нови технологии.

A1 Гуру асистент за користење на сите услуги ќе биде нов систем за поддршка на корисниците.

10 GB бесплатен интернет ќе им биде достапен на тие што ќе ја инсталираат новата мобилна апликација Мојот А1.