Евтин iPhone SE ќе има догодина

Објавено на 05.09.2019 во Новости



Евтин iPhone SE ќе има догодина

Според информациите со кои располагаат аналитичари од инсајдерски извори, Apple за следната година планира да лансира нов модел од серијата iPhone SE кој ќе биде многу поевтин и наменет пред се за тинејџерите.

Новиот iPhone SE ќе има 4,7 инчен LCD дисплеј, како и квалитетен процесор, најверојатно истиот кој го користеше Apple ланската година за напојување на премиум смартфоните. Уредот ќе биде лансиран напролет со цел да предизвика „немир“ во средната класа на Android конкурентите кои имаат огромен избор на квалитетни уреди со пониски цени.





Прочитајте повеќе: