Honor Play 3 нуди многу за малку пари

Објавено на 05.09.2019 во Новости



Honor Play 3 нуди многу за малку пари

Huawei го лансираше новиот Play 3 смартфон преку суб-брендот Honor кој нуди многу за малку пари и е одличен кандидат за шампион во средната евтина класа.

Honor Play 3 доаѓа со 6,3 инчен IPS LCD дисплеј со 720p HD Plus резолуција, работи со Kirin 710F осум-јадрен процесор, тројна главна камера со примарен сензор од 48 мегапиксели, како и топ батерија со капацитет од 4000 mAh.

Пласманот на Honor Play 3 ќе започне на 17 септември со цена од околу 150 евра.