Facebook за флертување официјално започна
Објавено на 06.09.2019 во Новости
Facebook по долги најави ја лансираше посебната апликација Dating која ќе служи само за флертување и запознавање на романтични или секс партнери.
Facebook на овој начин директно ќе му конкурира на Tinder, мобилната апликација која со години е апсолутен владетел кога е во прашање сервис за запознавање и флертување.
За користење на Facebook Dating може да го употребите вашиот профил и не е потребно со некого да се совпаднете туку може директно да му пишете порака покрај знакот за допаѓање. Апликацијата во Европа ќе биде достапна следната година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.