Смартфоните Huawei P30 со нови бои и дизајн

Објавено на 06.09.2019 во Новости



Смартфоните Huawei P30 со нови бои и дизајн

Денес на конференцијата IFA во Берлин, Huawei го претстави новиот дизајн на својата предводничка серија HUAWEI P30 Pro. Паметните телефони на компанијата од P серијата имаат деликатен дизајн и иновативни решенија во фотографијата и видеографијата, а новите двата најсовремени дизајни не се исклучок.

Покрај тоа, новите ажурирани фотографски и видео карактеристики овозможуваат поголема слобода во создавањето визуелна уметност, а новиот EMUI10 на корисниците им дава целосно, паметно искуство.

Главниот извршен директор на „Huawei“, Ричард Ју, за време на IFA сподели: „Серијата Huawei P30 стана омилена на потрошувачите во последните 6 месеци, а продажбата надминува 16,5 милиони продадени паметни телефони. Ова е за 53% повеќе од продажбата на серијата P20. Новитe Huawei P30 Pro модели претставени денес, обезбедуваат нови можности за фотографирање и создаваат исклучително возбудливо корисничко искуство со своите нови бои и дизајн.“

Нова линија во естетиката

Серијата Huawei P интегрира технологија, мода и естетски трендови, со што привлекува многу млади корисници кои сметаат дека е многу важно нивниот паметен телефон да изгледа модерно.

Новите два HUAWEI P30 Pro дизајни се инспирирани од природата и создадени преку процес на мелење мат. Со длабока мистична сина боја што го рефлектира одразот на небото на море и нежната Misty Lavender инспирирана од бојата на зајдисонцето од лаванда, Huawei отвора нови хоризонти и им дава на потрошувачите два нови елегантни дизајни на паметни телефони.

Убавината и практичноста не секогаш наоѓаат заедничка точка, но новиот HUAWEI P30 Pro е совршена комбинација на естетика и алатка. Делот од телефонот каде се наоѓа камерата е со висока сјајна површина, а главниот дел од паметниот телефон е мат за да избегнат отпечатоците од прсти при фаќање.

Новите дополнувања во палетата HUAWEI P30 Pro постигнуваат совршениот визуелен баланс со комбинација на сјајни и мат површини.

Нови функции на фотографија и видео со P30 Pro

Новата функција за ноќно селфи ќе биде дополнета со ноќен режим на телефоните од HUAWEI P30 Pro серијата. Функцијата користи алгоритам за препознавање со што ги осветлува лицата во ноќните снимки. Во исто време, ја балансира осветленоста на изворите на светлина во позадина и ги збогатува деталите на темните делови без да ја издигне позадината, со што се создава природно и тродимензионално ноќно селфи.

Без разлика дали снимате или обработувате видео, AI го прави создавањето на видео полесно и повозбудливо. Новата ажурирана HUAWEI Vlog AI ви овозможува да креирате музички видеа од вашиот паметен телефон директно во неговата галерија со само еден клик. Откако ќе се создаде видеото, може да се прилагоди со вашата омилена музика, филтри, ефекти, па дури и дополнителни кадри.

Функцијата портрет со професионален боке ефект, му овозможува на централниот субјект да се истакне и да создаде уметнички и експресивен убав ефект. Камерата ToF, со својата прецизна способност, работи со алгоритам на AI за да постигне високи нивоа на детали. Ова овозможува јасно да се истакнат деталите - од наборите на облеката до контурите на лицето, така што портретот може да се истакне од мека и нежна позадина.

Четирикратната HUAWEI P30 Pro Leica камера обезбедува професионална можност за фотосензитивност и зумирање што ја преработуваат дигиталната фотографија веќе 40 години. Уредот овозможува невидени снимки со слаба осветленост и максимална ISO чувствителност од 409600, дозволувајќи ноќните сцени да бидат снимани со екстремна јасност и острина, а неговите скриени леќи за зумирање овозможуваат професионален квалитет на приближување кон карактеристиките, без потреба од дополнителна опрема. Секој корисник има можност да создаде професионални фотографии и да ужива во фотографијата, што ја открива убавината на светот околу нас.

Новиот EMUI за попаметно секојдневно искуство

Серијата HUAWEI P30 ќе биде прва во светот што ќе ја добие ажурираната нова верзија на оперативниот систем EMUI10. Тоа ќе им даде на потрошувачите поприродна и интелигентна возбуда во сите сценарија, постигната преку револуционерниот напредок во дистрибуираната технологија. Дизајнот на EMUI10 е заснован на истражување за човековото однесување да биде колку што е можно полесно и интуитивно за корисникот.

Неговиот дизајн дава повеќе простор и чувство на леснотија. Покрај тоа, големата мрежа на фонтови создава поконцентриран визуелен фокус за да се елиминира сложената функционалност и да се направи дисплејот попрецизен. Ова е надополнето со естетскиот дизајн на поставките, календарот, списокот со контакти и други решенија за интерфејс за подобрување на визуелното искуство на корисникот.

Бојата на EMUI10 е инспирирана од италијанскиот градиент Моранди. Топлата и нежна текстура му дава на интерфејсот навистина избалансиран изглед.

Во мрачен режим, лесната сенка ги штити очите од интензивен сјај. Huawei спроведе тестови за читливост на корисниците за да создаде најудобна позадина во боја и симболичен контраст, обезбедувајќи вистински ефикасен мрачен режим.

EMUI10 исто така нуди засилен систем на дисплејот кој ги надминува границите помеѓу Windows и Android на тоа ниво. Ова ја овозможува реалната соработка со персоналните компјутери и телефони, нудејќи интеракција и функционалност на повеќе екрани истовремено.

Уред кој достигна над 10 милиони корисници

Во 2010 година, Huawei продаде 3 милиони мобилни уреди. 8 години подоцна, нивниот број се зголеми 68 пати. Во првата половина на 2019 година, пратките на смартфони Huawei (вклучително и Honor) достигнаа 118 милиони единици со пораст од 24% за една година. Според IDC, пратките на смартфоните Huawei (вклучително и Honor) ја ставаат компанијата на второ место во светот и прва на кинескиот пазар за вториот квартал од 2019 година.

Паметните телефони од серијата HUAWEI P30 го држат глобалното внимание на потрошувачите уште од нивното лансирање во март 2019 година. Серијата има продадено над 10 милиони паметни телефони во првите 85 дена од нејзиното лансирање, што е рекорд за предводникот на Huawei. Серијата HUAWEI P30 е одличен спој на технологија и уметност, заработувајќи ја на наградата EISA Smartphone of the Year 2019-2020.