Nokia 9 PureView со 5 камери доби ниска оценка

Објавено на 08.09.2019 во Новости



Nokia 9 PureView со 5 камери доби ниска оценка

HMD Global положи големи надежи во уникатниот смартфон Nokia 9 PureView кој е единствен на пазарот со дури 5 главни камери на задната страна со специјален модул кој го изработи Light, но според тестовите кои ги направи DxOMark бенчмарк сајтот, резултатите не се премногу импресивни.

Nokia 9 PureView доби вкупна оценка од само 85 поени, што на пример е идентично со резултатот на iPhone 7 кој е стар веќе неколку години, а послаб од на пример од многу премиум смартфони како Google Pixel 3. 

Според тестирањата на DxOMark, Nokia 9 PureView покажува добри резултати само во делот на фокусот и негово прилагодување за различни ефекти со длабочина, додека пак има лоши резултати со зумирањето и комбинирањето на една слика од петте камери. За видео има оценка 80, а за правење слики 88 поединечни поени.