Samsung Galaxy Note 10 5G доби и блокчејн верзија

Објавено на 08.09.2019 во Новости



Samsung Galaxy Note 10 5G доби и блокчејн верзија

Samsung Mobile во Кореја во соработка со Kakao лансираше блокчејн верзија на Samsung Galaxy Note 10 5G и Samsung Galaxy Note 10 Plus 5G. Новите смартфони ќе бидат дел од Klaytn блокчејн платформата.

Со новите блокчејн смартфон Samsung Galaxy Note 10 5G и Samsung Galaxy Note 10 Plus 5G корисниците ќе може да прават трансакции преку Klaytn дигиталната платформа, како и да го користат електронскиот паричник со 2000 гратис кредити. 

Klaytn верзиите на Samsung Galaxy Note 10 5G и Samsung Galaxy Note 10 Plus 5G нудат голем избор на блокчејн апликации за побезбедни трансакции, комуникација и организирање. Хардверот е идентичен како и кај стандардните верзии на уредите. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}