Видео: Redmi K20 Pro ставен на тестот на издржливоста

Објавено на 08.09.2019 во Новости



Видео: Redmi K20 Pro ставен на тестот на издржливоста

Redmi K20 Pro е убедливо најевтиниот супер моќен смартфон на пазарот од повеќе познатите брендови, но дали истото може да се каже и за неговите физички компоненти покрај одличните перформанси кои ги нуди?

Одговорот на прашањето го дава популарниот канал JerryRigEverything кој ги прави најдобрите тестови за издржливост на смартфоните, а овој пат на ред дојде и Redmi K20 Pro. Овој смартфон е заштитен со Gorilla Glass 5 на предната и задната страна што треба да спречи поголеми гребнатинки и напукнувања.

Исто така стаклена заштита има на предната селфи камера која е обложена и со пластика, а заштитно стакло е поставено и на задната страна каде што се наоѓа тројната главна камера. Redmi K20 Pro исто така добро се покажа и во тестот на превиткување со цврстата конструкција. Во продолжение погледнето го целиот тест направен со Redmi K20 Pro.