Apple обвинет дека ги крши работничките права

Објавено на 09.09.2019 во Новости



Apple обвинет дека ги крши работничките права

Кинеската организација за надзор на пазарот на трудот го обвини Apple и неговиот партнер Foxconn за прекршување на работничките права и законите во Кина при производството на iPhone XS и iPhone XS Max.

Според надзорната организација во фабриките во Кина биле ангажирани над 50% привремени работници од вкупната работна сила потребна за производството во Foxconn со цел да се задоволат потребите на Apple за поголем број на iPhone XS смартфони.

Законите за работни односи во Кина велат дека само 10% од работната сила смее да биде составена од привремено ангажирани работници со цел повеќето од нив да ги имаат сите бенефиции од работниот однос.

Apple и Foxconn велат дека ќе ги послушаат препораките и дека ќе внимаваат при исполнување на стандардите. 





Прочитајте повеќе: