Новиот Sony Xperia 5 веќе е достапен за порачки

Објавено на 09.09.2019 во Новости



Новиот Sony Xperia 5 веќе е достапен за порачки

Sony Mobile веќе ги чека првите порачки на новиот смартфон Sony Xperia 5 кој исто така припаѓа во премиум класата, но е за околу 150 долари поевтин од Sony Xperia 1 моделот кој беше лансиран во мај годинава.

Главната разлика е во помалиот 6,1 инчен дисплеј со помала резолуција од 1080 x 2520 во споредба со 6,5 инчниот 4K HD дисплеј на Sony Xperia 1. Од друга страна, пониската цена на Sony Xperia 5 и идентичниот хардвер како неговиот поголем претходник го прават одличен избор.

Sony Xperia 5 ќе може да се најде по цена од околу 799 долари, а нуди и осум-јадрен Snapdragon 855 процесор, 6 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, тројна главна камера на задната страна и батерија со капацитет од 3100 mAh. 





 
Најнови телефони
 
 


{}