Huawei во октомври ќе го лансира флексибилниот Mate X

Објавено на 09.09.2019 во Новости



Huawei во октомври ќе го лансира флексибилниот Mate X

Huawei иако ја имаше пол позицијата ја загуби трката од Samsung да биде првата компанија која ќе лансира флексибилен смартфон на преклоп на пазарот бидејќи таа „титула“ веќе ја има Samsung Galaxy Fold.

Затоа Huawei според изјавите на генералниот извршен директор Ричард Ју ќе се фокусира на октомври за лансирање на веќе најавениот флексиблен смартфон на преклоп Huawei Mate X, а потоа набрзо да мисли и на негов наследник кој ќе работи со последниот чипсет Kirin 990 со поддршка за 5G мобилна конекција.

Секако, и двата бренда се соочија со големи пречки кога се прашање новите категории на флексибилни смартфони кои од механички аспект се уште не се усовршени за масовна продажба и достапност на пазарот, па така оваа трка ќе продолжи и во наредните години. 





 
Најнови телефони
 
 


{}