Откриени три бои на Google Pixel 4

Објавено на 09.09.2019 во Новости



Откриени три бои на Google Pixel 4

Благодарение на протечени слики од маската на Google Pixel 4 како и на неофицијални рендери кои веќе циркулираат на интернет, може да се открие дека претстојниот премиум смартфон ќе има три бои на дизајнот.

Според досегашните информации Google Pixel 4 моделите ќе се појават во бела, црна и портокалова боја на маската. Секако, Google за сите нив ќе има смислено специјално име кое најдобро ќе ја опишува нивната нијанса. 

Досега се познати речиси сите интересни детали за Google Pixel 4, од фантастичната камера која ќе може да ги слика ѕвездите на ноќното небо, до импресивен хардвер и пристојан цена, па останува уште само да се открие датумот на неговата промоција. 

Автор: Aleksandar Stankov