Huawei би го продал 5G бизнисот

Објавено на 13.09.2019 во Новости



Huawei би го продал 5G бизнисот

Huawei како излезна стратегија ја разгледува можноста целосно да го продаде својот бизнис со 5G мобилна технологија и тоа по можност на компанија од Западниот свет.

Според раководство на Huawei ова е опција која може да се реализира доколу се постигне соодветна цена за целата технологија за 5G со патенти, знаење и прототипи.

Huawei ја очекува разврската од трговската војна меѓу САД и Кина што директно влијае врз развојот на нивниот бизнис.

Автор: Aleksandar Stankov