Откриени сите детали за OnePlus 7T

Објавено на 14.09.2019 во Новости



Откриени сите детали за OnePlus 7T

OnePlus и годинава нема да се откаже од својата премиум серија на смартфони која рамо до рамо може да се носи со најмоќната конкуренција иако многу бавно освојува пазарен удел и повеќе делува како мал производител отколку сериозен бренд кој би направил на пресврт на пазарот.

OnePlus 7T и OnePlus 7T Pro се следните модели кои ќе се обидат да привлечат внимание. Двата уреди ќе работат со Snapdragon 855 процесор, 8 GB RAM и 256 GB меморија.

OnePlus 7T Pro ќе има повисок степен на резолуција, поголема батерија од 4000 mAh, како и поквалитетна тројна главна камера.