Со Samsung Flow ќе работите на лаптоп како на смартфон

Објавено на 15.09.2019 во Новости



Со Samsung Flow ќе работите на лаптоп како на смартфон

Samsung Mobile ја лансираше новата апликација Samsung Flow која е наменета за поврзување на вашиот смартфон со поголем екран на пример со таблет или лаптоп за продолжување со работата каде што сте застанале.

Samsung Flow се препорачува да ја инсталирате бидејќи е официјална замена за SideSync апликацијата која повеќе нема да се користи од 15 октомври.