Франција и Германија против Facebook за Libra: Не го сакаат во Европа оти е ризичен

Објавено на 16.09.2019 во Новости



Франција и Германија против Facebook за Libra: Не го сакаат во Европа оти е ризичен

Франција и Германија кажаа дека криптовалутата Libra, која Facebook сака да ја лансира во 2020 година, претставува ризик за финансискиот сектор, што би можело да го спречи нејзиното одобрување во Европа, а го поддржаа и развојот на алтернативните јавни криптовалути. 

Европската централна банка (ECB) соопшти дека работи на долгорочен план за лансирање на јавните дигитални валути, кои би можеле да ги направи проектите како што kao Libra - непотребен. Виртуелните валути се ризик за потрошувачите, за финансиската стабилност и монетарниот суверенитет за европските држави, предупредија францускиот министер за финансии Бруно Ле Мар и неговиот германски колега Олаф Шулц. Франција и Германија сметаат дека проектот Libra не влева доверба и дека кон тие ризици ќе се пристапи внимателно.