Брз, силен и достапен, пристигна новото Wi-Fi

Објавено на 18.09.2019 во Новости



Брз, силен и достапен, пристигна новото Wi-Fi

Лансирана е новата верзија на Wi-Fi, која е побрза и помоќна. Предводничките смартфони веќе имаат вградено поддршка за оваа технологија: Samsung Galaxy Note 10 и Apple iPhone 11. Досегашната верзија на Wi-Fi теоретски постигна брзина на пренос на податоци до 6,9 Gbps, а новата верзија е многу побрза со 9,6 Gbps, пренесува Science Alert.

Новото Wi-Fi овозможува зголемен капацитет за повеќе уреди, со технологиите како што се OFDMA (orthogonal frequency division multiple access) и MU-MIMO (multi-user multiple input multiple output). Тоа во превод значи дека на една Wi-Fi мрежа отсега ќе може да има и до четири пати повеќе уреди. Колку за информација, Wi-Fi 7 е веќе во фаза на подготовка, а неговото доаѓање се очекува во 2024 година.
 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}