Откриен е големиот проект на Марк Цукерберг - Orion

Објавено на 19.09.2019 во Новости



Откриен е големиот проект на Марк Цукерберг - Orion

Orion е најважниот проект на Facebook во моментот, кој може темелно да го промени начинот на кој комуницираме и пристапуваме кон содржината. Станува збор за очила за виртуелна реалност, која се развива со компанијата Luxottic, која ги држи брендовите како Ray-Ban и Oakley, а соработувала и со Google за развој на нивните очила.

Поентата на Facebook е да направи уред дизајниран со големина на класични очила и да не бидат наметливи, со цела модерна технологија - со камера за фотографирање и пренос во живо. Марк Цукерберг сака да направи револуција на пазарот со овој уред. Со тоа би се означил почетокот на крајот на смартфоните. Рокот на завршување на овој уред е до 2023 или 2025 година.