Претседателот на Microsoft инсистира за соработка со Huawei

Објавено на 20.09.2019 во Новости



Претседателот на Microsoft инсистира за соработка со Huawei

Претседателот на Microsoft, Бред Смит, отворено проговори за потешкотиите што ги има неговата компанија поради американскта забрана за трговија со кинеските технолошки компании, најмногу Huawei. Тој ја повика американската администрација да ја прекине трговската војна со Кина и да овозможи слободна трговија.

Смит е убеден дека националната безбедност нема да биде загрозена поради користењето на производите на Huawei, односно со овозможувањето на корисниците на Huawei да го користат оперативниот систем на Microsoft или Office. „Вереуваме дека би било грешка да се подигне некоја нова дигитална железна завеса на Пацификот. Мислам дека тоа би го спречило напредокот на САД и демократијата во светот“, вели Смит.