Разочарани се корисниците со Apple iOS 13

Објавено на 21.09.2019 во iOs



Разочарани се корисниците со Apple iOS 13

Во четвртокот конечно беше откриена новата верзија на оперативен систем за Apple - iOS 13. Новиот софтвер доаѓа со интересни новитети како што е популарната опција за „мрачни теми“ , која ја подобрува безбедноста, има нови опции на Apple Maps, итн.

За жал, корисниците што го надградија софтверот со iOS 13, новата верзија на мобилен оперативен систем доаѓа со бројни багови што ја отежнуваат употребата на телефонот. Проблемот до кој дојдовме веднаш после надградбата е поврзан со Bluetooth и поврзување со надворешните уреди – на iPhone 8, со кој порано немаше никакви проблеми со спојување со надворешните звучници, автомобили и слично, а сега конекцијата прекинува после неколку секунди. Apple најави за 24 септември нова надградба за iPhone - iOS 13.1, со која ќе го закрпи пропустот со што планира да ги реши овие проблеми. 

Автор: Aleksandar Stankov