Би го споделиле ли статусот на WhatsApp како Facebook Story?

Објавено на 22.09.2019 во Новости



Би го споделиле ли статусот на WhatsApp како Facebook Story?

Facebook започна со процесот на интегрирање на услугите кои ги нуди WhatsApp како апликација која веќе ја поседува со основното јадро на мобилната апликација Facebook.

Прв чекор во овој правец ќе биде можноста за споделување на вашиот статус на WhatsApp како дел од Facebook Story директно за да можат и останатите корисници да видат што правите во моментот. 

WhatsApp е една од подобрите апликации за брзо допишување со делумно гарантирање на приватноста на пораките, па така интеграцијата со бизнисот и услугите на Facebook предизвикуваат големи грижи.

Исто така прашање е дали воопшто WhatsApp треба да функционира и како социјална мрежа, наместо како ефикасна алатка за комуникација. Што мислите вие?