Видео: Samsung објаснува како да се грижите за Galaxy Fold

Објавено на 22.09.2019 во Новости



Видео: Samsung објаснува како да се грижите за Galaxy Fold

Samsung Mobile откако по неколку месеци на чекање повторно го лансираше првиот флексибилен смартфон на прекло Galaxy Fold ги презема сите мерки на претпазливост со цел да им објасни на корисниците како треба да ракуваат со овој иновативен и уникатен мобилен уред.

Во новото видео Samsung објаснува дека Galaxy Fold има деликатен механизам на преклопување со магнети кои ги спојуваат двата дела на екранот и прават еден голем дисплеј кој кога ќе се отвори делува како таблет, а кога ќе се склопи има и дополнителен помошен екран на надворешната страна.

Затоа треба да избегнувате метални предмети околу Galaxy Fold кои може да им пречат на магнетите за спојување, како и да внимавате да не навлезе вода или прашина кои може да предизвикаат оштетувања.