Ричард Ју: Ќе продадеме 30 милиони Huawei Mate 30

Објавено на 22.09.2019 во Новости



Ричард Ју: Ќе продадеме 30 милиони Huawei Mate 30

Ричард Ју, главниот извршен директор на Huawei, е уверен дека и покрај ограничувањата од САД и недостигот на поддршка од Google Play Store, новата серија на Huawei Mate 30 ќе се продаде во 30 милиони примероци.

Според Ју навистина ќе дојде до пад на глобалната поддршка на Huawei Mate 30 бидејќи корисниците ќе треба надворешно да ги инсталираат Android апликациите или пак да користат избор од трет добавувач на продавница за апликации како App Galery. 

Од друга страна пак, челникот на Huawei тврди дека Mate 30 е најквалитетниот 5G смартфон во светот, а исто така ќе се зголемува продажбата на домашно тло во Кина каде брендот работи речиси без конкуренција во последниот период, за сметка на падот на Apple кој не успева да продаде голем број на iPhone смартфони кои немаат 5G и се многу поскапи.