Тој е најголемата инспирација и лидер во технолошката индустрија

Објавено на 23.09.2019 во Новости



Тој е најголемата инспирација и лидер во технолошката индустрија

После смртта на Стив Џобс, многумина го прогласија Илон Маск за „негов наследник“, не за Apple, туку како најголем визионер во технолошката индустрија. Како основач и извршен директор на Tesla, ја променил автомобилската индустрија и со години после претставувањето на неговите први електрични возила, конкурентните не можат да ги стигнат неговите Tesla модели во перформансите.

Плановите со SpaceX му се уште поголеми. Моментално е во фаза на развој за ракета со која сака да го освои Марс, односно кадешто сака да основа колонија, како прв чекор кон трајното населување на Црвената планета. Освен вселенскиот превоз, сака да го подобри и транспортот на Земјата и да ги намали сообраќајните метежи. Со Boring Company ќе прави тунели и сообраќајот ќе го насочи под земјата, развивајќи го системот hyperloop, базиран на брзини од околу 1000км/ч.