Конечно Google воведува скриено пребарување на мапите

Објавено на 23.09.2019 во Новости



Конечно Google воведува скриено пребарување на мапите

Google знае буквално се, каде сте, што правите, колку долго го работите тоа, што ве интересира и каде се движите. Со новата верзија на Google Maps тоа може да се промени. Google тестира инкогнито опција за пребарување на мапи.

Така еден ден, кога ќе стане достапна за сите, новата опција им овозможува на корисниците да ги пребаруваат мапите, без притоа да ја споделат својата локација, да ја освежат историјата на локацијата или да ги споделат личните податоци, со цел да се прилагоди пребарувањето на мапите за нив.