ФОТО: iPhone 11 Pro, 11 Pro Max и Apple Watch Series 5

Објавено на 23.09.2019 во Новости



ФОТО: iPhone 11 Pro, 11 Pro Max и Apple Watch Series 5

Интересно, но без преголеми очекувања, така би можело да се опише моментот кога Тим Кук со колегите ги претстави новитетите на кои работеа минатите неколку месеци. Телефони.мк ги фотографираше новите модели на смартфони.

Пред нивната конференција не предупредуваа дека не треба да очекуваме револуција од новите модели на iPhone, кои доаѓаат со класични хардверски надградби и квалитетни камери, кои се покажаа како точни.

Во оваа пригода ви ги претставуваме 11 Pro, 11 Pro Max и Apple Watch Series 5. Apple Watch Series 5 сега има Always On дисплеј, а цената на моделот со GPS изнесува 399 долари, додека моделот со поддршка за мобилната мрежа изнесува 499 долари. 

Во понудата останува и третата генерација на часовник чија цена изнесува сега 199 долари.