Google изгледа ќе го купи Fitbit, „убиецот на Apple Watch“

Објавено на 24.09.2019 во Новости



Google изгледа ќе го купи Fitbit, „убиецот на Apple Watch“

Fitbit со текот на годините го освои пазарот и голем број на корисници со нараквици за фитнес помош, што може да бројат чекори, да го следат вежбањето, километрите поминати со трчање или на два погона и слично. 

Кога се вклучија големите технолошки компании како Apple и Samsung во трката со своите смарт часовници преполни со можности, за Fitbit тоа стана предизвик. Поради тоа изгледа дека Fitbit ќе биде преземен од страна на Google. Се уште нема конечна одлука, но компанијата веќе ги започнала разговорите со инвестициска банка за потенцијална продажба, но првиот потенцијален купувач би бил – Alphabet, односно Google.





Прочитајте повеќе: