Xiaomi ги помести границите за дисплејот на смартфоните!

Објавено на 24.09.2019 во Новости



Xiaomi ги помести границите за дисплејот на смартфоните!

Xiaomi Mi Mix Alpha е новиот модел што ги помести границите напред во поглед на дисплејот. Неговата задна камера од 108 мегапиксели со голем сензор изнесува 1/1.33 инчи, која ги комбинира пикселите во 2x2 квадратчиња и произведува фотографии со резолуција од 27 мегапиксели, а перформансите на камерата ги подобрува во послаба осветленост.

Со таков дизајниран телефон, не ви треба селфи камера, затоа што дисплејот се наоѓа и на задната страна, така што се може да направите со задната камера. Alpha го има најновиот Snapdragon 855 Plus процесор, 12GB работна меморија, батерија со капацитет од 4050mAh, 40W брзо полнење, 512GB внатрешна меморија и поддршка за 5G технологија.Xiaomi Alpha не е мејнстрим уред, туку концептуален мобилен, кој ќе се произведува во лимитирана серија и жешка цена од 2800 долари.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
 


{}