Google лансираше претплатнички сервис за апликации и игри на Android

Објавено на 25.09.2019 во Android



Google лансираше претплатнички сервис за апликации и игри на Android

Откако Apple неодамна го претстави претплатничкиот сервис за видео игри, наменети за уреди со логото на јаболкото, оваа недела Google го објави лансирањето на сопствениот претплатнички сервис за Android. 

За месечен износ од 4,99 долари, на корисниците ќе им бидат достапни не само игри, туку и апликации, број на игри, итн. За време на лансирањето, апликациите ќе бидат над 350, а секој месец ќе има нова достапна содржина. Сервисот е моментално достапен само во САД, а до крајот на неделава го очекуваме и на останатите пазари. Промотивната цена за првата година ќе биде 1,99 долари месечно, за оние што ќе се пријават пред 10 октомври. 

Предноста на Google Play Pass е што може да се споделува со пет членови од семејството. Сервисот на Apple е исклучиво гејмерски, додека Play Pass вклучува и апликации, додека за разлика од Arcade, сервисот на Google вклучува игри и апликации што се веќе достапни на Google Play и нема некоја ексклузивна содржина резервирана само за претплатниците. 





 
Најнови телефони
 
 


{}