SES лансира револуционерен комуникациски систем

Објавено на 27.09.2019 во Новости



SES лансира револуционерен комуникациски систем

SES објави дека работата за лансирање и покренување на сателитските констелации од новата генерација наманети за средната Земјина орбита (MEO), ја додели на компанијата SpaceX. Американската компанија ќе ги лансира сателитите на SES во вселенста со помош на ракетата Falcon 9 од Cape Canaveral.

Ова не е прв заеднички зафат на SES и SpaceX. Уште од порано соработувале на лансирањето на комерцијалниот сателит GEO, а подоцна и првиот терет на SpaceX ракетата за повеќекратна употреба. Од SES велат дека на нивното следно лансирање во 2021 година, ќе ја „затресат индустријата“, оти ќе овозможат револуционерни можности за SES O3b mPOWER терабитниот комуникациски систем.