Airbus на удар на хакери, никој не знае кој напаѓа и што бара

Објавено на 29.09.2019 во Новости



Airbus на удар на хакери, никој не знае кој напаѓа и што бара

Низа кибернетски напади на Airbus во неколкуте последни месеци е воден преку компјутерскиот систем на неговиот добавувач. Експертите се сомневаат дека нападот е извршен од Кина. Кина неколку пати се замешала во безбедноста, а министерството за надворешни работи и кинеските формални кибернетски регулатори не сакале да го коментираат извештајот.

Портпаролот на Airbus вели дека компанијата била свесна за кибернетските настани, како и дека како секоја индустрија, е на мета на злонамерни напади. Airbus постојано добива закани и презема мерки да биде заштитен максимално. Според извештајот на AFP, кибернетските напади минатиот месец на Airbus се водени преку францускиот технолошки консалтинг Expleo, производителот на моторите на Rolls Royce и два Airbus производители што не се именувани. Expleo и Rolls Royce не сакале да ги коментираат обвинувањата.