Како да се ослободите од зависноста од телефоните

Објавено на 29.09.2019 во Новости



Како да се ослободите од зависноста од телефоните

За да се ослободите привремено од проверката на вашите известувања и слични нешта, постојат апликации што ќе ви помогнат во тоа. Смартфоните се веќе длабоко навлезени во нашите животи и секојдневието, поради што би било многу тешко за да ги тргнеме настрана.

Тоа може да го направите со апликацијата Flipd. Апликацијата може да ви помогне да ја редуцирате употребата на вашиот смартфон во моментот кога сте со вашето семејство. Со апликацијата може да исклучите одредени апликации со што нема да ви стигнуваат никакви известувања од нив додека сакате да бидете со вашите деца и вашите најмили. Бесплатната верзија на Flipd ви овозможува да ги блокирате апликациите  за половина час најмногу одеднаш. Ако сакате целосна блокада додека не ја вратите во нормала, тогаш треба да доплатите.