Илон Маск претстави одредени спецификации за леталата за Марс и Месечината

Објавено на 30.09.2019 во Новости



Илон Маск претстави одредени спецификации за леталата за Марс и Месечината

Вселенското летало може да лета и кон другите места на Сончевиот систем и ќе може да се користи повеќе пати, вели Маск. Шефот на SpaceX во Тексас во живо ги претстави новостите за својот проект.

Мислам дека тоа е најинспиративната работа што досега сум ја видел, вели Маск за новиот прототип на SpaceX. Меѓупланетарното патување во вселената во блиска иднина би можело да се реализира со стотици луѓе. Способноста на Starship да превезува луѓе и товар би можело да го олесни потенцијалното поставување на бази на Месечината, како и изградбата на градовите на Марс. Маск порано говореше за своите планови за населување на Марс, каде што сака да одведе милион луѓе. Според плановите луѓето би требало да почнат да патуваат до 2025 година.