Xiaomi дефинитивно се откажа од Mi Mix 4

Објавено на 01.10.2019 во Новости



Xiaomi дефинитивно се откажа од Mi Mix 4

Xiaomi дефинитивно потврди дека се откажува од лансирањето на Mi Mix 4 смартфонот и дека оваа серија ќе добие сосема нова понуда со што уредите кои три години носеа иновации се укинуваат.

Според раководството на Xiaomi за производство фокусот ќе биде насочен кон Xiaomi Mi Mix Alpha кој има целосно обложен дисплеј од сите страни и е нов концепт спротиставен на Galaxy Fold или Huawei Mate X.

Xiaomi Mi Mix Alpha ќе чини над 2500 долари и е најскапиот нивни смартфон досега, па затоа и фановите се разочарани што нема соодветна понуда за вообичаениот сегмент од пазарот.