Што се случи пред 50 години?

Објавено на 02.10.2019 во Новости



Што се случи пред 50 години?

Има голем број на историски случувања и датуми кои влијаеле во обликувањето на модерната цивилизација. Некогаш биле потребни години за да се остварат нивните резултати, а еве неколку клучни моменти кои се случиле пред 50 години, а без кои сегашноста би изгледала целосно различна.

Првиот човек на Месечината

Леталото Аполо 11 го започнало своето историско патување кон Месечината на 16. јули 1969 година, а својата цел ја остварило на 21. јули. Нил Армстронг бил првиот човек кој стапнал на површината на месечината, а бил проследен од Баз Алдрин. Оваа мисија го одбележува почетокот на брзиот развој на вселенските истражувања кои придонеле до нови откритија за нашата галаксија и вселената генерално. Неколку децении подоцна била создадена и Меѓународната вселенска станица како заеднички глобален напор на човештвото кон постојано научно-истражувачко присуство во вселената.

Интернетот

Долго време се води дебата за тоа кога Интернетот е “роден“, а многу технолози го посочуваат 7. април 1969 како официјалниот датум на раѓањето на вебот. Тоа е денот кога било реализирано првото официјално RFC (Request for Comments), кое вклучувало истражувања, предлози и идеи за создавањето на вистинската интернет технологија. Децении подоцна, интернетот прерасна во клучен дел од нашето секојдневие овозможувајќи ни слободно да се поврземе со луѓето од целиот свет.

Првиот микропроцесор

Во 1969. година Ли Бојсел го дизајнирал првиот микропроцесор кој го отвори патот на децениските истражувања кои резултирале во дигиталната револуција кон крајот на 20. век. Личните компјутери станале нешто што мора да го има во секој дом, и заедно со интернетот го отвориле патот кон новата информатичка ера. Сѐ што знаеме за компјутерската технологија го започнало својот развоен пат пред 50 години, со еден 8 битен чип.

Основањето на Samsung Electronics

Големите промени се секогаш последица на трудот и посветеноста. Во 1969. година компанијата Samsung Electronics била основана во Сувон, Јужна Кореја, како дел од Samsung групацијата. Раните производи на оваа компанија биле електрични делови и уреди како телевизори, дигитрони, фрижидери, клима уреди и машини за перење на алишта. Подоцна, во 1988. година Samsung го претстави својот прв мобилен телефон, a до 2010. прераснa во најпознатата компанија на светот кога се во прашање мобилните уреди. Денес, таа го предводи развојот на индустријата со својата врвна технологија и научни истражувања кои навистина го менуваат начинот на којшто живееме и комуницираме.

Samsung Electronics ја прославува својата 50 годишнина од постоењето. Покрај иновацијата и технологијата, грижата за корисниците низ целиот свет и нивните потреби се срцето на мисијата и визијата на компанијата од самиот почеток. Затоа Samsung одлучи да ја прослави оваа важна годишнина со овозможување на уникатно корисничко искуство и врвни промоции. За повеќе информации за самите промоции посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/