5G е минато, Huawei веќе работи на 6G

Објавено на 02.10.2019 во Новости



5G е минато, Huawei веќе работи на 6G

Huawei веќе работи на 6G технологија, но свесни се дека барем наредните 10 години нема да излезе на пазарот. 5G уште малку ќе почека додека да прерасне во стандардна технологија во нашите домови, а интересно е тоа што веќе се работи на неговиот наследник.

„Паралелно работиме на 5G и 6G технологијата веќе одредено време“, вели челникот на Huawei, Рен Женгфеи. 

Женгфеи вели дека технологијата е се уште во рана фаза и треба уште многу време додека да почне со комерцијална употреба. Според неговата проценка, ќе биде спремна за 10 години. За да заживее новата мобилна технологија во пракса, потребно е уште многу спремање. Додека не се заклучи договорот за 6G стандардот, Huawei ќе се фокусира на 5G и потпишување договори со партнери од цел свет, изградба на 5G мрежата и продажба на 5G мрежната опрема.