Microsoft Surface Duo е чуден уред кој доаѓа догодина

Објавено на 03.10.2019 во Новости



Microsoft Surface Duo е чуден уред кој доаѓа догодина

Microsoft имаше необична промоција на нов смартфон со два екрани кои се отвораат за добивање на површина која наликува на таблет, но за жал е далеку од сите модерни концепти за Fold смартфон.

Microsoft Surface Duo има два 5 инчи екрани но, со голема рамка околу нив, па така искористеноста на предната површина е мала.

Чудно е што овој уред работи со Android, наместо со Windows Surface но, тоа ќе биде надоместено со Office 365 пакетот. 

Овој необичен и недоработен концепт на смартфон со двоен екран ќе се продава дури на крајот на следната година.