Xiaomi се предомислува за Mi Mix 4

Објавено на 03.10.2019 во Новости



Xiaomi се предомислува за Mi Mix 4

Xiaomi најверојатно се предомислува околу пласманот на тенкиот Mi Mix 4 со иновативна рамка околу дисплејот за целосна искористеност на предната површина.

По вчерашната информација дека компанијата се откажува од овој смартфон за да се посвети на новиот концепт за Xiaomi Mi Mix Alpha, сега од раководството за нови продукти велат дека никогаш не тврделе дека нов наследник на Mi Mix серијата нема да постои.

Секако, од Xiaomi не потврдија кога би лансирале нов Xiaomi Mi Mix 4, но како датум се споменува зимата 2020 како неофицијална информација.