Пробајте го сервисот на Google за поголема безбедност на интернет

Објавено на 05.10.2019 во Новости



Пробајте го сервисот на Google за поголема безбедност на интернет

Управувањето со корисничките имиња и лозинките бара внимавање со вашите лични податоци. Некои користат специјални апликации за управување со лозинки, а некои ги запишуваат на хартија. За жал, повеќето корисници користат наједноставен и опасен начин - најчесто ги користат истите лозинки за сите сервиси, кои се во суштина многу лесни. 

Не треба да се напоменува колку е тоа опасно, затоа што ако хакерите ја пробијат заштитата на само еден сервис, ќе добијат пристап на сите профили и сметки. Google претстави нова опција што ќе им помогне на корисниците за безбедно раководење со бројни сметки и управување со лозинките. Станува збор за проверка на лозинките. 

За да ги проверите своите лозинки, прво мора да ја внесете лозинката за својот профил на Google со цел да го потврдите својот идентитет, по што Google ќе ги анализира вашите лозинки и ќе ве предупреди на проблемите како на пример загрозени лозинки, значи оние до кои хакерите веќе дошле, а ќе ве предупреди и на профилите на кои се употребуваат слаби лозинки. Управителот на Google за лозинки може да го проверите на овој линк.