Apple очекува голема продажба со новиот iPhone во 2020 година

Објавено на 05.10.2019 во Новости



Apple очекува голема продажба со новиот iPhone во 2020 година

За новиот iPhone 11 има позитивни рецензии за квалитетот на фотографиите и траењето на батеријата. Најверојатно поради конкуренцијата, Apple побрза со објавувањето на новиот модел на смартфон, со тоа што ќе го презентира во почетокот на следната година.

Тоа нема да биде iPhone 12, туку наследникот iPhone SE. Како што објави Минг Чи Куо, тој тврди дека после нова година во 2020 година, ќе пристигне iPhone SE 2, кој би можел да ги привлече моменталните модели на iPhone 6 и 6 Plus и ќе донесе комбинација на застарен дизајн на iPhone 8 со една камера и модерен хардвер вграден во последната генерација на нивните телефони. Куо очекува од Apple во текот на следната година да испорача од 30 до 40 милиони модели на SE 2, кој ќе помогне да се зголеми уделот на Apple на пазарот на смартфони. 





Прочитајте повеќе: