Sony PS4 конечно со поддршка за секој Android

Објавено на 08.10.2019 во Новости



Sony PS4 конечно со поддршка за секој Android

Sony овозможи целосна поддршка за секој смартфон или таблет со Android оперативен систем за користење на апликацијата Sony PlayStation 4 Remote Play, како и за iPhone модели со iOs 13 вклучувајќи ги и iPad таблетите.

Корисниците со Sony PlayStation 4 Remote Play апликацијата ќе може да се поврзат преку Wi-Fi со смартфон или таблет за да продолжат да ја играат својата игра.

Исто така преку Bluetooth може да се поврзе и Dualshock 4 џојстикот за подобро управување на игрите на помал екран наместо со контролите на допир.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}