Ова е новиот мини смартфон, што го разви „таткото на Android“

Објавено на 10.10.2019 во Android



Ова е новиот мини смартфон, што го разви „таткото на Android“

Енди Рубин е познат како основачот на Android, мобилниот оперативен систем што денес го користат повеќето смартфони во светот, но и како сексуален злоставувач, на кој Google му плати 90 милиони долари за да си замине од компанијата, со цел да се ослободи од него.

Кога го дигна сидрото и отплови од Google, Рубин му остана верен на Android и ја основа компанијата Essential. Новата компанија претстави одличен смартфон, кој не привлече многу внимание, иако зад него беше „таткото на Android“, кој е познат во технолошката индустрија. Поради неуспехот со својот модел на смартфон, Рубин одлучил да почне со развој на помал смартфон, кој примарно се управува со глас. Рубин на Twitter ги објави првите фотографии со новиот телефон, кој се разликува со големината и дизајнот од класичните телефони. Essential Gem моментално е во тест фаза и ќе биде со Snapdragon 730 процесор, Android софтвер со поддршка за Google Assistant. 

Погледнете го видеото на Енди Рубин на овој линк.