Motorola One Macro доаѓа со тројна камера и дисплеј со засек

Објавено на 10.10.2019 во Новости



Motorola One Macro доаѓа со тројна камера и дисплеј со засек

Motorola One серијата прилично се зголеми годинава со One Vision, One Action, и One Zoom моделите. Lenovo сепак има уште еден адут во ракавот, кој се вика Motorola One Macro. Камерата на ценовно прифатливиот иден модел ќе биде со 2-мегапиксели макро камера и f/2.2 бленда. 

За разлика од другите сензори, оваа камера може да фокусира предмети што се оддалечени на само 2см, овозможувајќи и ефект на замаглување (bokeh). Motorola ставил во One Macro и подобар сензор од 13-мегапиксели и бленда f/2.0, кој може да снима до 1080p видеа со 60fps. Ако сте фан на забавени снимки, 120fps опцијата е достапна исто така.

Задната камера ќе има и 2-мегапикселен сензор за длабочина, кој се активира автоматски кога креирате портретски слики за да креирате поквалитетна замаглена позадина. Нема телефото сензор тука, но затоа One Macro има поддршка за Hi-Res Zoom што значително го подобрува дигиталното зумирање со собирање на содржини од сите три камери. 

Буџетскиот телефон на Motorola е екипиран со LED блиц и нов ласер со автофокус што ја подобрува точноста на автофокусот и брзината. Во дизајнот ќе има засек од предната страна, 64GB внатрешна меморија и гарантирана надградба со Android 10. One Macro ќе има LCD дисплеј од 6.2-инчи , MediaTek Helio P70 процесор, 4GB RAM меморија , батерија од 4,000mAh и полнач од 10W. Motorola One Macro ќе биде достапен на почетокот само во Индија од 12 октомври, а на 24 октомври телефонот излегува глобално. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: