OnePlus претстави нов смартфон за професионалци

Објавено на 12.10.2019 во Новости



OnePlus претстави нов смартфон за професионалци

OnePlus го претстави OnePlus 7T Pro, кој доаѓа со 6,67 инчен дисплеј и резолуција од 2120 x 1440 пиксели, фреквенција за освежување од 90Hz. Во екранот е имплементиран сензор за отпечатоци на прсти, а со оглед на тоа што 7T Pro има поп-ап камера за снимање на селфија, екранот зазема цел преден дел од уредот и се протега од раб до раб.

Под хауба има Snapdragon 855 Plus процесор, 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. OnePlus 7T Pro има задна камера од 48MP+16 MP+8 MP, и батерија со капацитет од 4085mAh. Има Oxygen OS базиран на Android 10, а во продажба излегува следната недела со цена од 759 евра.