Samsung Galaxy S10 Lite се поблиску до пласман

Објавено на 12.10.2019 во Новости



Samsung Galaxy S10 Lite се поблиску до пласман

Кога веќе откривме дека се подготвува поевтина верзија на супер фаблетот Samsung Galaxy Note 10, сега доаѓаме и до информација дека наскоро ќе биде лансирана и поевтина верзија на Samsung Galaxy S10 со мали измени во хардверот.

Samsung Galaxy S10 Lite според новите информации ќе раполага со 6,7 инчен Full HD Plus дисплеј, ќе има 8 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, ќе има тројна главна камера, 32 мегапикселна селфи камера, батерија со капацитет од 4500 mAh како и супер брзо полнење со капацитет од 45W.





 
Најнови телефони
 
 


{}