Apple прави сопствен 5G модем за iPhone

Објавено на 12.10.2019 во Новости



Apple прави сопствен 5G модем за iPhone

Apple откако влезе во судски спорови со Qualcomm не успеа навреме годинава да најде соодветен партнер кој ќе му обезбеди 5G модеми за неговите смартфони, Intel немаше доволен капацитет, а соработката со Samsung ја прекина за да не го финансира директно својот најголем конкурент.

Тоа доведе iPhone 11 смартфоните да бидат единствени во премиум класата годинава кои немаат 5G конекција. Затоа Apple сега ќе се потпира на сопствени сили за да развие и произведе специјален 5G модем за следните генерации на iPhone смартфони.

Првиот Apple 5G модем ќе биде готов во 2022 година, па така корисниците за врвна конекција ќе треба да почекаат најмалку две генерации на iPhone смартфони кои ќе имаат 5G но, со модем од надворешен производител.





Прочитајте повеќе: