Huawei nova 5T доаѓа во Европа

Објавено на 16.10.2019 во Новости



Huawei nova 5T доаѓа во Европа

На почетокот на ноември на европскиот пазар официјално во продажба влегува новиот квалитетен смартфон со пристојна цена Huawei Nova 5T.

Huawei Nova 5T располага со 6,2 инчен Full HD Plus резолуција, ќе има 32 мегапикселна селфи камера во левиот агол на екранот, како и главна камера на задната страна со четири сензори од кои примарниот има 48 мегапиксели.

Huawei Nova 5T ќе се продава за цена од околу 500 евра како уред од високата класа со многу адути меѓу кои и осум-јадрен Kirin 980 процесор, 6 GB RAM, 128 GB меморија и брзо полнење од 22W на батеријата со капацитет од 3700 mAh.

Автор: Aleksandar Stankov