Google Pixel Buds: Никаде без слушалки

Објавено на 17.10.2019 во Новости



Google Pixel Buds: Никаде без слушалки

Google ги лансираше своите безжични слушалки, кои не служат само за слушање музика или јавување на телефонски повик. Со помош на Google Assistant и слушалките, може да извршувате едноставни задачи, да испратите кратка порака или да преведете нешто од странски јазик.

Pixel Buds може да се користат и кога корисникот не е во близина на својот телефон. Максимален домет има до три соби во затворен простор или до 100 метри на отворено. Автоматски препознаваат кога ги ставате на уво, отпорни се на пот и влага, а секоја слушалка препознава гестови со допир. Со едно полнење се обезбедува 5 часа слушање музика или 24 часа со кутијата за полнење. Google Pixel Buds ќе бидат достапни за цена од 179 долари во четири бои: бела, портокалова, зелена и црна.